Потребно време за читање: < 1 минута

222. Сè појќе ми се стемнуа пред очи дење!

223. Забеганиве ќе се разбегаат по свршуање работа.

224. А бе мрсул партиски, барем истреси го мрсуло пред да излезиш пред народо за да тресиш зелени!

225. Скоро мечката со својо мечок и мечињата ќе заигра пред твојо праг.

226. Џабе везиш ко не знајш ништо да извезиш.

227. Не сум во власта прибидејќи нема власт без пари, а ја немам ни скршена пара.

228. Зар и ти, синко мајчин, со изродиве недоветни ем платенички мафијаши на власт?!

229. Изродиве на власт му праат на народо од лошо полошо до најлошо, за само ними да им е арно.

230. Кројачите на свето пак тесно им го кројат на народите, ама и на нациите.

231. Ја сум за држава на народ и малцинства и за граѓанско општество. Кој не разбира, негоа работа.

232. Ако не знајте, а не се прајте наудрени, прашајте али читнете за да научите од кога постојат народи, а од кога нации.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, Кажувања без докажувања

233. Ѓубриња непрокопсани на власт европско ѓубре горат и го трујат народо!

234. Предавство на корени, предци, постоење и потомство.

235. Народо македонски ќе искрвај на своја земја!?

236. Еден свој во последен бој.

237. Не бе, не паѓам ја пред силник. Оти бранам свое.

238. Недобронамерен да не ми стапни на праго!

239. Си ги сакам со срце и душа сите шо ме сакаат.

240. Најболно е едно, прво и последно збогуање со ближни.

241. И ти, богатнику, ќе умриш ко најголем бедник на свето.

242. Го молчиш мојто дело оти те замолчило.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here