Потребно време за читање: < 1 минута

31. Раздел

Стави раздел
од камен и вода
меѓу сивотен
сè уште жив предел,
сосе чекор
што се жешти
на скрвавено сонце,
и мртов,
одамна докажано
вековит.

Му се наметна нужен
бидејќи му снема сила
да продолжи да збира
народ
во своја сегашност.

Но најпрвин мораше
да спречи
самиот да се раздели
на којзнае колку раздели;
па потоа лесно
до кога треба да го делат
без ниедно раѓање.

Сега е спокоен,
иако уште не може
да домисли
што ќе се случи скоро
во сивотниот
сè уште жив предел,
додека му снеможува
чекорот што се жешти
на скрвавено сонце,
ни што може
да се случи допрва
во мртвиот,
одамна докажано
вековит.

Засега му е најважно
разделот од камен и вода
да го одржува буден,
надвладувајќи ги
еден по еден
своите безбројни залези.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here