52. Он во пустошија
Се наоѓа себеси едвај
во пустошија
по некое силно и незнајно
невреме,
толку силно што да нема
ништо живо за луѓе живи.
Се најде едвај самотен
обграден од длабок молк
што никогаш не можел
ни да го замисли,
ни да се наоѓа себеси
без знак, без слово,
без прв и последен збор.
Се најде едвај
и едвај се наоѓа
откога успеа конечно
да открие кој е он.
Он је таена светлина
која прва како последна
во секоја пустошија
како пустошијава
нема да згасне.