Потребно време за читање: < 1 минута

32. Жива сенка

Што  поскоро морам да откријам
чија жива сенка ме срете близу
до пајажина прозрачна
кон која итам решително.

Се обидувам да одгатнам
дали ќе продолжам сам
во немост
откако ќе стасам до пајажината
прозрачна
или, пак, заедно ќе минеме
низ неа
за да освоиме наша
нова жизнена слобода.

Мислам дека живата сенка
е љубов единствена како пуза
во мое огниште заробена
од векови на предци и потомци
безимени, умрени безгласно.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here