ВО ЖИВ ПРОСТОР ЖИВО ВРЕМЕ, поетска инсталација, 47

Потребно време за читање: < 1 минута

47. Смрти

Не една, а многу смрти
преживеал, одживеал.

Уште доживува тој
со мигови незаборавни.

Многу смрти знајни,
многу незнајни негови.

Само еден живот меѓу,
со докрај освоен свет.

Што нема никој нигде
да го открие како свој.