Потребно време за читање: < 1 минута

Нему блискоста
со некои од своите
му е благородна;
дека со нив не е сам,
како со други
какви што се,
и дека може секогаш
да е спокоен
зашто сè уште живее
достоен на нозе.

Наполно е свесен
за колку им даде,
исто
за колку му дадоа;
не како возврат,
не како спомагање,
ами за колку што
има скоро исто
за сите.

Токму од блискоста
негова со свои
и на свои со негова
произлегува единство
на мисли и дела
во трага на согорени
што тлее како жар
во пеплиште
на сосе корен
откорнати дамнешни
и сегашни постоења.

А како само нему
блискоста да му
останува благородна
во невреме зловесно,
донесено на небо
од збришувачки,
од безглави ветришта,
па безгласно истурено
на земја. Се гледа себеси
во нови извори
на колку надежни,
толку сомнежни и
длабоки неизвесности.