Потребно време за читање: < 1 минута

56. Бескрајно

Одовде до онде се гласи он
во буден човек копнежлив,
самопрегорен.

Отсега засекогаш дише он
заедно со секој што остава
трага од свое дело.

Оттука до сегде стасува он
со молк меѓу зборови
кој тае љубов таена.

Откога до кога било он
е стамен како врв осамен,
сал од него искачен.

За навек мисла доживотна
и залезни години
по умирања како траење.