Потребно време за читање: < 1 минута

36. Во секој нивен сон

Обајцата се исправени
среде студни облаци,
громовни молњи,
во ветришта огнови.

Обајцата се сплотени
во тело од зборови,
во секој нивен сон,
стварен.

Обајцата се секогаш
живи, здрави, јадри,
обајцата будни
за нов живот со дело;

кое мора да продолжи
без нив како трага
во секаква утрешнина
неспорна и непокорна.