Потребно време за читање: < 1 минута

29. Снеможен чекор

Еден снеможен чекор,
меѓу стамени
од први до последни,
го опомена човекот
што лунѕа низ живот
дека е близу невреме
во кое нема ни трага
од човек.

Просто го жегна в срце
и му рече мртов збор.

Се обиде човекот
да се врати макар
чекор назад,
на место негово
во спокој,
уште од кога чекореше
сам
низ грамадни дела
што ги создале духови
и тела,
но успеа само свој сон
да најде за толкување
на она до кај што
скоро ќе стаса.

Чекорот снеможен
просто гласно го онеми.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here