Потребно време за читање: < 1 минута

65. Самотник за болештина за сотирање

„Болештина за сотирање на сè живо со аероплани фрлија на небо за потоа незабележливо и несетно да се истури врз земја плодна и питома. Кои фрлија? Никој не знаеше, а однапред беше предвидено и програмирано да не се дознае никогаш. Како зошто фрлија!? За да се сотре сè живо, да ја направат пустелија, па бездушно да ѝ ископуваат од внатрешноста на нејзиното тело сè што им вреди и им треба. Ама прво да има безусловен живот само за нив, а сиромашен, зависен, неизвесен и бесцелен за сите други.

Не веруваш во теории на заговор? Не верувам ни јас. Мислиш дека болештинава не е тоа? Не знаеш, не си чул за биолошко-хемиска војна?! Која е војување со отрови и противотрови, вируси и антивируси, бактерии и антибактерии…

Добро, нека е по твое. Се разбира дека е вирус болештинава, а пандемијава ќе се победи со имунизација. Во меѓувреме умреа и ќе испоумрат уште којзнае колку. Или ќе загинат. Разликуваш умирачка од загинување?

Прочитај и за ... >>  ГОЛТКИ, раскази/ескизи

Запамети што ќе ти речам сега јас, на крајов од мојов ден:

Секоја болештина за сотирање на живот е за нечовечно и самотно живуркање“.

Самотникот Сенко Секавички умре вчера, ден по педесеттиот роденден.

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here