Потребно време за читање: < 1 минута

74. Единствен творец

Никој како него, ништо како од него. Ангел Цветаноски е најоригиналниот творец. Неповторлив поет. Забележано најпрвин на самиот почеток, со првите поетски пројави и со првата објавена стихозбирка. Зошто неповторлив? Зошто никој како него?

Како што нагласуваат познавачите на светската поезија и неговите критичари, во годините по дебитирањето во литературата, со новите дела се докажа дека создаденото од него едноставно не може да се имитира, да се создаде макар слично. Се обидувале, се обидуваат оправдувајќи го тоа како „тип“, „струја“, дури „поетска школа“, ама сè што создале е „гола позајмица“ која е еуфемизам за кражба.

А тој на секое прашање поврзано со неговата творечка оригиналност одговара со простосрдечна насмевка:

-Јас само го слушам и го следам мојот внатрешен глас.

Сите што ја почитуваат и сакаат неговата поезија просто не можат да се изначудат, дури стравуваат зашто не можат да дознаат, да разберат, да одгатнат:

Прочитај и за ... >>  ГОЛТКИ, минијатурни раскази/ескизи

Зошто повеќе од две децении Ангел Цветаноски не објавил ни стих, ни песна, ни стихозбирка?!

Тој не одговара. Молчи. Самиот не знае до кога.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here