Потребно време за читање: < 1 минута

78. Бизнисмен и политичар

Митко Анески себеси се претставува како успешен бизнисмен и политичар. Никому досега не му успеало да му докаже дека е тоа невозможно, дека не постои таква комбинација на личност ни во светот на бизнисот ни во светот на политиката. Не ми успеа ни мене.

Често се фали претставувајќи се таков:

-Јас сум докажан како мошне успешен бизнисмен и политичар. Еднакво и едното и другото. Совреме го научив најважното како основен принцип на однесување, дејствување и работа: како бизнисмен сум бизнисмен, не политичар, а како политичар политичар, не бизнисмен.

Слушам дека Митко Анески продоложува себеси да се претставува како успешен бизнисмен и политичар. Јас не сум го сретнал. Немам намера ни да се поздравам на разминување откако луто го пресеков при една самофалба:

„Знаеш како ги викаат таквите како тебе? Политиканти! Не ги бидува ниту за бизнис, ниту за политика. Како бизнисмени ги користат и злоупотребуваат политичарите за своите бизниси, а како политичари ја користат и злоупотребуваат политиката за својот бизнис. И знаеш што? Таквите како политиканти се ситни, мали, маргинални, безначајни и во бизнисот и во политиката. Вистина успешните такви јас ги викам полит-бизнисменски олигарси. За тебе тие се недостижни!“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here