Потребно време за читање: < 1 минута

76. Деловна жена

Необично е дека за Мирјана Петровска се зборува како за деловна и семејна жена која многу полага на својата убавина. Нагласувајќи ја нејзината убавина. Не знам дали е и тоа необично, но така за неа зборуваат многу повеќе жените во деловниот свет одошто мажите во него. А за неа често се нагласува и дека е сè уште во цутот на младоста. Што според мене е не само излитена фраза, туку и не баш прилежна. Лично ме збунува „сè уште“ оти тоа не го прифаќам како зачуденост, ненадејност и несоодветност.

Мирјана Петровска е сопственик на реномирана туристичка агенција и нејзин главен менаџер. Од нејзиниот личен живот и најблиските соработници знаат само дека е во среќен брак со професор по физика на Природно-математичкиот факултет, со кого одгледува и образува двајца тинејџери-девојка на втора година во средно медицинско и момче на трета година во средно електротехничко.

Прочитај и за ... >>  ГОЛТКИ, минијатурни раскази/ескизи

Јас не ја изделувам Мирјана Петровска од други во нејзиното опкружување и деловниот круг како деловна и семејна жена која многу полага на својата убавина. Можам да наведам дузина како неа или слични на неа. Јас неа ја изделувам од сите други, и мажи и жени, според еднаквата посветеност на бизнисот, бракот и семејството.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here