Потребно време за читање: < 1 минута

81. Живот под закана

Млад и стар на клупа на плоштад, во сенка на столетен даб.

Младиот:

-Јас мислам дека најтежок им е животот на оние што живеат под закана.

Стариот:

-Добро мислиш. Но, дали си размислувал и домислил каде?

Младиот:

-Каде било.

Стариот:

-Грешно мислиш. Го живеат животот под закана оние што живеат во општество и држава во кои се загрозени слободата, слободоумјето, демократијата, што ги унижуваат и ништожат вредностите со кои се бранат личниот и колективните идентитети.

Младиот:

-Ја заборави бесперспективноста.

Стариот:

-Таа е последна во нив, а прва во сегашност без закана.

Помислив да им се придружам со прашање живот ли е што се живее под закана, ама ги одминав.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here