Колку пати секој од нас, во обичниот живот, сознавал и покренувал некои нови работи?
Се разбира, од мало секое човечко суштество секој ден се наоѓа пред нови пречки и предизвици. Самото пронаоѓање на решение и одговарање на секојдневните искушенија ни овоможува да откриваме нови работи.
Можеби сте токму Вие оној што е способен да открие нов производ, можеби сте токму Вие онаа алка во фирмата која не ѝ допушта да го намали производството, можеби сте токму Вие оној со вистинските контакти, можеби сте Вие оној поради кого муштериите повторно ќе се вратат.
Одговорот е едноставен, а нема да го сознаете доколку сами не се испробате во светот на малиот бизнис. Како индивидуална личност, дали сте Вие лице што ќе ги преживее „ужасите на пазарот“? Кога колачот ќе стане премал, дали ќе имате сила да тргнете во решавачка битка со конкуренцијата и да направите сѐ за да опстанете? Дали сте подготвени да „јадете, а да не бидете изедени“?
Самостојното започнување на сопствен бизнис бара одредени знаења, вештина и способност, а пред да тргнете во водите на малиот бизнис, морате да бидете 100% сигурни дека сѐ што е потребно го поседувате токму Вие.
Ќе Ви ги поставиме следниве прашања за да дознаете дали сте во целост подготвени за бизнис. Бидете искрени спрема себеси:
-Дали навистина верувате дека можете да успеете?
Без целосна верба во себе нема да успеете, верувајте ни.
-Што говори Вашиот инстинкт? Дали нормално се однесувате во ситуациите кога размислувате за бизнис и за она што Ве чека?
-Што е Вашата мотивација за отворање на бизнис?
Бидете искрени со себе што е она што ве тера да работите самостојно.
-Дали Ви е кристално јасно што ќе биде Вашиот производ или услуга? Имате ли претстава колку ќе чини Вашиот производ или услуга и дека е тој/таа најдобар/најдобра на пазарот за дадената цена?
-Дали прифаќате дека не можете да се обогатите преку ноќ?
-Дали сте психички доволно силни да ги загризете забите кога работите ќе тргнат наопаку?
-Дали сте отворени за нови идеи, мислења и можности?
-Дали сте подготвени да претрпите критики?
-Дали сметате дека поддршката на семејството и пријателите е битна за да успеете во работата?
Доколу потврдно сте одговориле на повеќето прашања, почнете да размислувате за започнување на мал бизнис. Оваа анкета претставува почеток на сопственте анализи со кои ќе се среќавате во текот на занимавањето со одреден бизнис.
Едноставно, ниеден почеток не е едноставен, и доколку доволно сакате нешто гарантирано и ќе Ви се оствари.
(Преземено и преведено од: http://www.economy.co.yu/)