Потребно време за читање: 2 минути

361. Нема љубов при сè пресметливо.

362. Баш ми е гајле дали или до кога ќе живее моето дело откако ќе умрам. Мртов сигурно ќе имам други гајлиња!

363. По долго и длабко мислење, заклучив дека кога ќе умрам ќе бидам жив ама мртов!

364. Властодршциве уште мислат дека ќе го пренесат народот жеден преку нивна длабока, брза, матна и загадена река.

365. Ми се чудат како издржувам. Јас им велам нормално.

366. Се дават во матната, а уште играат на туѓа свирка.

367. Не се издржува во затворени кругови, ниту меѓу нив.

368. Скоро ќе почнат меѓусебно да си ги глодаат коските.

369. Се замешав во луѓе животворно.

370. Дел од моето време секогаш за нас. Во моите дела.

371. Знаењето и опитноста на човек во години се еднакво вредни.

372. Си збориш сам со себе оти нема кој да те слуша.

373. Обессилен и стар мудрец во пуста самотија.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 61-90

374. Не ни помислуваш на мене ти, незаборавна.

375. Ама што оти никој како јас!?

376. Што им оставам на моите потомци? Само мое грандиозно, а непризнаено мислечко и книжевно творештво. Ништо друго.

377. Која ли будала од џганов на власт во Северџганијава измисли уставна категорија „делови од народи“?!

378. За мене е идиотштина посмртното признавање и величање на творец. Особено ако не бил сметан ни за жив додека жиквуркал.

379. Македонството е сплотувачка суштина на постоењето и опстанокот на македонскиот народ.

380. Докажано и ќе се докажува:
Најжестоко казнување за велепредавство од народот и историјата.

381. Голем срам за САД, ЕУ и НАТО е асимилаторско-окупаторската и наци-фашистичка власт во Бугарија. Дека е од нив поддржана!

382. Ги прашувам не неписмените и полуписмените политикантски властодршци во Бугарија, туку учените и умни Бугари:
Кој е придонесот на Иван-Ванчо Михајло и царот Борис III во бугарската култура (дело, дејствување)?

383. Повторно предупредувам:
Во тек се завршните „активности“ на антимакедонскава северџганска платеничка власт за конечно разнебитување на македонскиот народ и неговата исконска земја Македонија. Нема кој да ја спречи!?

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 751-780

384. Секој се бори на свој начин и со свои средства, ама е нужна и заедничка борба.

385. Им го откривме сценариото и знаеме што и како натаму со нив.

386. Во неизвесност човек мора секогаш да биде на штрек.

387. Добронамерен пречекувам човечки.

388. На раб на бездна ненародна власт и народ. Белки народот ќе биде побрз и ќе ја турне власста во неа.

389. Собитијата стануваат драматични, а Македонците апатични!

390. Властодршци, народот не ве сака! Од ден на ден расте неговиот гнев. Белки ја знаете казната за велепредавство.