Потребно време за читање: 4 минути

941. Не само што не прави добро времево, туку и не навестува ништо добро наскоро.

942. За гревота се оние што ги обессилила лична поразија.

943. Зарем последни и најтрагични собитија за народот?!

944. Твоето парче земја отсекогаш било и ќе биде најголемо лично богатство.

945. Како што се движат нештата, човек многу скоро одново ќе ја открива вредноста на животот со ближни, во мир и спокој.

946. Не е можно долго да се страховладее со исконски, достоинствен и духовно богат народ.

947. За тебе сум она што сум и затоа си со мене.

948. Жива срамота е самосвесен и достоинствен Македонец да биде член на антимакедонската партија на власт СДСМ. Која наскоро ќе мора да се самоукине.

949. Ќе папсаш бегајќи од вистината, та ќе мораш да се соочиш со неа.

950. Од мене само мое грандиозно мислечко и книжевно творештво, единствено на светот, како и мои врвни радиофонски остварувања. Ништо друго!

951. Се разбира дека моето мислечко, книжевно и радиофонско творештво им припаѓаат на современата македонска литература и поновата културна историја на Македонска република.
Меѓутоа, би било добро да се прашаат „одговорните“ во власта дали воопшто чуле за мене и дали сум уште жив или од пред „некое време“ мртов!
Инаку, секој може лесно и брзо на Интернет лично да ја провери мојата мислечка и творечка единственост на светот!

951. Длабоките траги што ги оставаат големи луѓе може случајно да ги откријат неуки, но тие побрзо ќе ги уништат одошто да ги осознаат.

952. Тивко и незнајно умира велик човек во безогледно и безидејно совремие.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 811-840

953. За творецот секое негово дело е живо сè до неговата смрт.

954. Јас и ти блиски ем далечни како во бесцелна игра.

955. Ги знаеме туѓите интереси, а не се ни обидуваме да ги браниме и одбраниме нашите!

956. Има надеж ако крајот на патот завршува на крстопат.

957. Очигледно е дека почна своевиден личен отпор. Кој секако ќе предизвика и своевидна колективна борба.

958. Најмногу од тебе зависи дали ќе останеш тоа што си.

959. Имам малку пријатели, познајници и незнајни а блиски. Ги почитувам, ги ценам, ги сакам и се радувам на нивните објави и дела.

960. Своевидна лична непрестана борба за одбрана на личниот и колективните идентитети: со мисла и дело.

961. Го знаеше ова пред јас да ти го кажам? Добро, го знаеш и сега, можеби ќе го знаеш и утре.

962. Од незнаење, неискуство, а најмногу за туѓински интереси-сè испревртено, искривено, изместено, израсипано, растурено, неизлечиво.

963. На џган изроднички, туѓински измеќари и велепредавници не им дозволувам ни да ме запознаат, а камо ли да бидат макар миг со мене.

964. Не напред на чело со мене, туку јас напред со вас.

965. Бесрамието ни се мие ни се брише, а разболува до умирачка. Него само срам личен може да го надвладее.

966. Од ден на ден се намалува и бројот на замајани, слепи при очи и наудрени, кои уште ви веруваат. Доблесно е да ве снема.

967. Политикантите на власт се стока за ограничена употреба и со брзо расипување.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 451-480

968. Како знаеш дека он, творец на големо дело, едно и единствено на светот, е незнаен?!

969. Одамна си докажав на себеси дека нема ни зошто ни кому да му се докажувам.

970. Моево време меѓу друго е и време на мое заминување.

971. Живеј денес за утре од денес до утре.

972. Нема излез пред безизлез.

973. Знам јас дека ти одамна можеш без мене. Но, дали ти знаеш дека си одамна?

974. Живееш лажејќи други, умираш лажејќи се себеси оти живееш од лаги.

975. Нема извесна иднина во неизвесна сегашнина.

976. Мора непрестана борба за вистина.

977. Нужна брза пресвртница по предолго невреме страховладеачко.

978. Најголем личен пораз доживува властодржец кога мора сакал-не сакал.

979. Повторува стар бел дедо:
Крадат од туѓа историја оние што немаат своја или, пак, нивната не се темели на документи и артефакти.

980. Безобразни и безобѕирни наци-фашистички и асимилаторско-окупаторски стремежи на соседи, со безобразна и безобѕирна поддршка на ЕУ!

981. До северномакедонските „експерти“ во Бугарско-македонската и Грчко-македонската комисија:
Уште не согледувате дека тонете во изметот велепредавнички?

982. Ниту ред, ниту стих, ниту мисла, ниту дело од моето мислечко и книжевно творештво нема и не може да има во каков било избор на современата македонска, а особено не на северномакедонска литература!
Доколку има или во иднина ќе има во некој, тоа е/ќе претставува дрскост, непочитување на моите заштитени авторски права (кривично дело) и неморал.

983. Не можеме ништо, а можеме многу. Особено што се однесува на нас.

984. Ниедно зошто без затоа што.

985. Може ли ништо од мене од сè? А зошто да не?

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 841-866

986. Задоволството од создаденото е единствено, големо, неповторливо. И го крепи и го поттикнува творецот да продолжи да создава.

987. Не чуивствувам никаква потреба, а камо ли некаква должност да објаснувам што-годе во врска со мојата животворност.

988. А што друго се очекува од мене, дребникав старец и непризнаен мислител и книжевник, освен да живуркам и творам до смрт?

989. Реакција на (под)налутен сопственик на издавачка куќа поради мое одбивање:
„А зошто пишуваш штом не дозволуваш објава/печатење на Твое дело?“.
Одговорив:
„Објавувам многу, а според некои и премногу на Интернет. „Гуглај“ и ќе се увериш“.

990. Како човек старее, така од него сè помалу и поретко вака или онака.

991. Секој свој и на свое може со мене.

992. Стануваат сè понестрпливи исчекувајќи да се обзнани моето конечно исчезнување. Им станува неподносливо тоа што ме нема, а ме има во нивната свест и безначајност.

993. Народ во мизерија, мафијашки изроди на власт во раскош и аздисаност.

994. Цел живот во големштилак и на штрек некој голем да не ја докаже нивната ништожност.

995. Може да ме имаат на совест совесни, но откако ќе се ослободат од несовесното чинење или нечинење.

996. Зошто немоќ и завидливост пред големо дело? И ти си голем со него!

997. Бедни души не можат да создадат ништо вредно.

998. Готово е со тебе кога ќе ти истече времето.

999. Допрва човек нема да биде ако не бил.

1.000. Он без љубов:
Му го рани срцето и го остави сам.