Потребно време за читање: 2 минути

121.Не можете како мене оти јас секогаш можам некако. Вие никогаш не можете никако оти прифаќате секако.

122. Радувај се, човече. Уште еден ден ќе помине со тебе.

123. Тотално глупирање:
Глупав лидер на партија им чита на своите глупави партијци глупости што му ги напишале глупави советници!

124. Зошто да не (?!):
„Стратешки партнер“ се договара со од него натурена ненародна власт заедно да водат борба против висока корупција и умрено судство! Кои севкупната сиктуација во протекторатот ја направија катастрофална!

125. Дупло дно:
Северџганија-протекторат и апартхејд.

126. Да си знаеме и да не забораваме:
Стратешките партнери во своите апартхедски протекторати не развиваат, туку продаваат демократија.

127. Стар бел дедо:
Ви дојде крајот, а крајот не ви се гледа.

128. Убеден сум дека пак ќе се договорат што мораат.

129. Ако се искрени, чесни и доблесни, ко што не се, помагањето во борбата против корупцијата во Северцганијава најпрвин ќе биде: тотална чистка во власта и нивните „блиски кругови“.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 271-300

130. Знаете зошто сме на ова дереџе? Е затоа!

131. Ако сака да си ја сочува државата, македонскиот народ мора да се крене на нозе! Без водачи, партии и нивни главатари.

132. Претстојат прилично драматични ситуации и случувања во Северџганијава?! Во тек се, само прикриени од народот!

133. А што е со довербата на македонскиот народ спрема стратешките партнери на Северџганијава-САД, ЕУ и НАТО? Ништо не е зашто е сосем изгубена!

134. Хахаха!
Навистина многумина од писателската фела мислат оти сум одамна мртов?!
Добро, ај веќе да не си го мачат мислењето:
Сум!

135. Пиши книга, испечати ја во онолку примероци колку што имаш пријатели и подари им ги со посвета. Тоа ќе те чини доста пари, ама задоволството ќе ти биде големо.

136. Студирај седум-осум години и повеќе, ако сакаш да станеш прво СДСМ-овски експерт, па после властодржец. А може и да дипломираш со една година студирање и помалку, па како експерт на ДУИ да станеш министер.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 511-540

137. Дај Боже да не сум во право:
Во „догледно“ време од македонската држава и македонскиот народ ќе избришат секаква трага. Зашто џганов властодржачки никој не се ни обидува веднаш да го сопре и мрак да го изеде.

138. Нема да верувам дури и да се случи макар еден од северџганскава ДУИ-џиско-СДСМ-овска власт да отиде курбан поради „висока“ корупција. Сè додека не ја „саморазвласти“ најголемииот стратешки партнер. Зашто е од него натгурена, со јасни задачи, задолженија и мафијашки „принадлежности“.

139. Најпрецизно, најточно:
Северџганија-партократски и мафијашки протекторат.

140. Сам се соголи до гола кожа окупаторско-асимилаторскиот и наци-фашистички источен сосед на Македонска република, а северџганскиве властодржачки лепешки ни мува не ги лази!

141. Признанието на македонски членови дека Мешовитата македонско-бугарска комисија е инструментализирана од бугарска страна не значи друго, освен: нужен прекин на нејзината работа!

142. Недоветни објаснуваат нешто што е совршено јасно. Мислат дека се сите како нив.

143. Близу сме до крајот кога за нас нема крај со нов почеток.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 751-780

144. Треба да се менуваме најпрвин за нам да ни биде добро, а потоа да ни биде сè подобро.

145. Стојам зад секој мој збор. Зашто секој мој е мој.

146. Никогаш не сум имал многу пријатели. Секогаш сум имал доволно.

147. Мојата стаменост, достојност и доследност. Сосе годините.

148. За љубовта лирично:
Често мислам на нас во самотен час.

149. Поидиотска од оваа власт ниту имало, ниту ќе има! Народот ја плаќа, него го испокраде и катаден го краде, а не му обезбедува ни елементарна заштита на животот. Единствено е важно дека има „бомби“ што се лажни, а се дел од светска хибридна војна!

150. Луѓе, чувајте си ги нервите. Тие се прва цел на страховладеачи.