Потребно време за читање: < 1 минута

40. Жизнен

До што му допре мислата
за опстанокот на свет
каков што му прилега на човек,
оживеа, заживеа и поживеа.

Најмногу со зборови
на кои допрва треба
да им најде единствено значење
со игра многузначна.

До што дооде пред нов чекор
меѓу реки што прелеваат
свои корита,
дека се нескротливи,
особено кога надојдуваат
трепети, немири, возбуди,
страсти и ненадејни соништа,
со дамна мртви предци
без трага,
блесна, вдахна и срце разигра. Најмногу за години пред време
кое повикува на доблест
стамена,
на истрајност на вивнати огнови
како крв, како феникс.