Потребно време за читање: < 1 минута

4. Исправен

Стојам исправен пред облак
што наближува од некоја страна
досега незнајна, сега загадочна
за секој сктиник низ беспатја.

Го гледам како ту стои во место,
ту речиси незабележливо,
ту речиси нечујно и притаено
се ближи, па се оддалечува,
се шири, па се стеснува;
ту го помодрува, ту го поцрнува
небото до кај што почнува
да станува ведро.

Не е прв, а нема да биде
ни последен од некоја незнајна,
сега загадочна страна
за мене ко за секој скитник
низ беспатја,
а пред кој стојам исправен.

Мислам дека можам уште
некоја или којзнае колку години
јас вака, исправен.

Нешто ми вели дека овој облак,
што ту го помодрува,
ту го поцрнува небото,
ќе истури врз мене во миг
ненадеен за мојата стаменост
болештина неизлечива.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here