Потребно време за читање: < 1 минута

23. Душа

Излезе душата мигум
од неговото тело,
колку да го изнагледа,
да не фатило некоја
болештина,
да не ја загубило негде
во земја за нигде
ведроста на животот
што раѓа деноноќно
нов живот.

Му излезе ко птица
која штотуку научила
да лета раскрилено
на слободно небо,
па го загледа одгоре,
па му ги одмери
зборовите негови
за потомството
кое допрва ќе треба
да ги дочува
што поблизу до крајот
на светот.

Мигум прелета
невреме надојдено
и се врати
во неговото тело
уште живо, човечко.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here