Потребно време за читање: 2 минути

781. Остануваме еден без друг и во паметењето и во заборавот.

782. Што треба да стори стратешкиот партнер САД (не во наводници) како свој конкретен придонес во борбата против корупцијата:
Да престане да ја поддржува корумпираната и мафијашка власт на ДУИ и СДСМ, јавно да се огради од неа и да се заложи за избор на видни, умни, опитни, учени, творечки и авторитетни личности кои ќе ги преземат работите во свои раце, ќе ја исчистат (буквално!) и ќе ја с(у)редат Македонска република.

783. Човек беше, човек е и човек ќе остане. За нас кои бевме и сме со него.

784. Никогаш поблиску до обезличување и исчезнување. Како смрт без трага.

785. Сè повеќе прашања кои нема кому да му ги упатите.

786. Се куражат меѓусебно со „Одиме натаму!“, а не знаат кон каде!

787. Жива срамота е да си член или симпатизер на бандитска, ненародна и велепредавничка партија. Всушност мртва.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 271-300

788. Нешто не е в ред во врска со тебе. Особено во врската. Да не е проблем врската?!

789. Секој има своја слаба страна или точка на прекршување.

790. Има многу нешта во животот што не се обусловени, ниту за споделување. Најпрво е постоењето.

791. Ако си во љубов, не можеш да се изгубиш во рамнодушност.

792. Не се секирај, ќе бидам уште долго жив.

793. Има секакви изроди, предавници и велепредавници во власта на Северџганска калакурница. Најмногу на број идиотски.

794. На мафијашка власт воопшто не ѝ се важни чесноста и довербата на народот. Туку слугувањето на мафијашкиот патрон.

795. Бистрината и слободата на умот се особено важни кога тој веќе не може гласно да ги искаже.

796. Вака веќе не може? Може, ама веќе не смее!

797. Се разбранува матната и сигурно скоро ќе се излее од своето корито.

798. Бараш одговор, а нема кој да ти одговори. Не дека никој не знае, туку затоа што случувањето е неразбирливо.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 721-750

799. Приказната продолжува зашто заврши без крај.

800. Не постојам за тебе откога не сум оној што си го замислуваше.

801. Веќе не треба, ами мора сè од почеток. Секој од својот и сите од наш.

802. Зарем има некој што не разбира дека власта, со поддршка на стратешкиот партнер САД, се мајтапи со македонскиот народ?!

803. Го забрзуваат разнебитувањето на народот од страв дека сè може да им пропадне преку ноќ. И да мораат да одговараат лично.

804. Зарем македонските велепредавници, во „мешовитата“ бугарско-македонска комисија, предводени од академикот(!) Д. Ѓ., уште не поднеле оставки и не ги вратиле досега „заработените“ пари?!

805. Срам голем е за стратешки партнер што му натури на македонскиот исконски народ власт на идиоти, лигуши и измеќари.

806. Мораш да прифатиш оти е несомнено:
Не постојам, а постојам.

807. Јас, човек, мислител и творец, во Северџганска калакурница не сум жив!

808. Што се случува со човекот-голем мислител и творец? Овде човекот физички го нема, а духовно не се знае. Сега доста толку.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 391-420

809. Заврши моето време на создавање дела. Создадените од мене почнуваат и продолжуваат свое.

810. Голем човек и творец искажал многу длабоки мисли и создал многу дела за секое добро на човек. Затоа е умрен, а жив.