Потребно време за читање: 2 минути

391. Не се може без здрава амбиција. Мојата е творечка: создавање мислечки и книжевни дела. Дури сум при ум.

392. Да, често се прашувам што ме тера да творам деноноќно. И си одговарам исто: мојата нескротлива творечка енергија. Нема друго.

393. Само делото го оправдува и докажува животот. Сè друго го продолжува или го запира мигум.

394. Жалам дека се заборавивме. Затоа што можевме уште заедно. Како било.

395. Со лесно да е и кога е најтешко.

396. За кого? Најпрво за нас.

397. И кога мораш, мораш достоинствено.

398. Биди што ќе бидеш, јас и натаму ќе бидам што сум.

399. Најдобро од тебе додека имаш и ум и сила.

400. Јас си знам низ што сè сум минал. Друг не треба да знае.

401. Вака е зашто засега не може подобро.

402. Била љубов голема, но одамна не е.

403. Бугарски политикантски властодршци, вие го разгорувате огнот на омразата меѓу Бугарија и Македонија. Свесно и со јасни цели!

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 571-600

404. А САД, ЕУ и НАТО и натаму молчат (го одобруваат!?) асимилаторско-окупаторскиот наци-фашизам на бугарските политиканти на власт!

405. СДСМ-овци,
Уште не се прашувате кој ве направи антимакедонска партија и зошто продолжувате да се правите таква?!

406. За нас Македонците во Македонска република не се никаков проблем малцинствата. Напротив, тие се наши сограѓани, сожители, содружници, соработници, пријатели, роднини. Проблем се антимакедонската ДУИ-џиско-СДСМ-овска власт и Северномакедонците.

407. Дури ни ова не го знаат властодршциве!
Во меѓудржавните односи, посебно дипломатските, не постојат ладни и топли глави. Постои мудра, достоинствена и доследна долгорочна и среднорочна (не дневна!) државна политика.

408. Јавно барам амбасадор(к)ите на нашите „стратешки партнери“, пред сѐ на Америка, Франција и Германија, веднаш да излезат пред јавноста, да ги изнесат своите согледби и да одговорат:
Дали Македонија е непријателска спрема Бугарија (говор на омраза) и дали во неа се загрозуваат основните права на бугарското малцинство?
Да одговорат директно и конкретно, не во дипломатски ракавици!

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 331-360

409. Јас не сум обичен смртник!

410. Светот на раб на нова светска војна? Не! Веќе е во нејзината бездна.

411. Трагедија на човечкиот род:
Воени сили војуваат, маките на безнадежните и болките на ранетите не се мерат, мртвите не се бројат.

412. Воените профитери ширум светот почнаа да полнат нови дисаѓи со азно во крв.

413. Тајни договори и сценарија за нивна насилна реализација.

414. Малите народи и безначајните луѓе во овој „модерен“ свет се борат за опстанок и гола егзистенција.

415. Обезличени и без трага во бестрага!?

416. Моето оружје за борба и отпор е словото. Ти имаш свое или тргаш голорак со мене?

417. Властодршци, народот не ве плаќа за да крадете негови пари!

418. Ме чуди:
Зошто нема никаква реакција од малцинствата во Македонска република (Албанците, Турците, Ромите…) во врска со изјавите на бугарски политиканти на власт и во опозиција-дека Македонија е втора бугарска држава?! Не верувам дека не знаат оти според бугарскиот Устав малцинства не постојат. Значи, како втора бугарска држава, која „логично“ треба да се обедини со „првата“, во Македонска република тие ќе бидат збришани!

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 909-940

419. Веќе сте соголени до гола кожа, внатрешни и надворешни непријатели на Македонија, на македонскиот народ и македонството!

420. Вашето сценарио за територија „исчистена“ од Македонци, што го реализираат вашите властодржачки измеќари, платеници и мафијаши во Македонија и Бугарија, е дел од глобалното сценарио за ново устројство на светот по завршувањето на штотуку започнатата пеколна Трета светска војна. Може да се спречи тоа?
Македонците мораат во борба за опстанок и одбрана на својата држава, со сите расположливи средства и на сите начини!