Потребно време за читање: 2 минути

867. Добро да е и пред и по лошо минливо.

868. Ја одбранив стаменоста на мојот чекор, па продолжувам кон мој нов врв.

869. Секој мора да се открива себеси до најдлабок откривачки корен.

870. Се разбира дека ќе ме има во тебе кога веќе ме имало и ме има.

871. Знам дека не е малку досега од мене, но не знам што значи допрва повеќе.

872. Немало и нема невреме во времето на љубовта.

873. Против си зашто знаеш зошто не си за.

874. Прав политичар на власт:
Ти со мене, јас за тебе.

875. Не добивам, ама не дозволувам да губам од губитник.

876. Секогаш доследен на себеси, поготово пред други и со други.

877. Нема цена она што не се цени, а може да го има секој.

878. Вреди само знаењето стекнато и употребено во право време.

879. Природна убавина за восхит не може да им се спротивстави на човечки грдости.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 571-600

880. За вас трошки, за нив полни дисаѓи азно. И сите задоволни!

881. Политикантското бесрамие е најпрвин властољубиво.

882. Постојам сè дури мислам и создавам. По исчезнување во мисленото и создаденото.

883. Мафијашка вазалска власт во Северџганска калакурница го открива геостратешкото лицемерие на својот „стратешки партнер“.

884. -До кај сме?
-До близу многу далеку,

885. Болен сум без тебе, убост моја.

886. Времето си врви со нас, животот ни врви меѓу нас.

887. Јас само мислам, промислувам, согледувам, сознавам и создавам. За себе, за некој знаен, а белки и за некои незнајни.

888. Многу смрти до последната.

889. Човече си кога не признаваш дело на голем човек оти се плашиш од него.

890. Игнорирањето не е доблест, но е понекогаш нужна самоодбрана од силник.

891. Секогаш пред избор: прво јас, па ние или прво ние, па јас.

892. Премолчуваш нечие незнаење зашто твоето е поголемо.

893. Те има кога не можам без тебе, ме има кога можеш со мене.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 631-660

894. Трагикомично пропаѓање на однародени партии на власт!

895. Најнакрај никој не те препознава, па сега ти е сеедно дали си уште жив или си веќе мртов.

896. Некој си за себе и за некој.

897. Ако не мора, белки ќе биде.

898. Бараш многу за да добиеш доволно, но така по време може да изгубиш сè.

899. Насмеани, а тажни лица без маски.

900. Јас сум за тебе одамна мртов и престани да ме замислуваш жив.

901. Незаборавни се само творечките гении, кои создале големи и единствени дела.

902. Знае што сака кога сака.

903. Загадочно:
Не е , а е.

904. Партиец со самосвест и лично достоинство не дозволува токмак да му биде предводник.

905. Не ми значи ама баш ништо што е во директна или индиректна врска со моето мислечко, книжевно, научно и радиофонско творештво.

906. Врвна цел:
Секој мој збор на вистинско место.

907. Ја осознав смртта меѓу минливост и трајност.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 421-450

908. Љубов е кога не можеш без љубов.