Потребно време за читање: 2 минути

481. Не сакам, не одобрувам, не дозволувам, не ме интересира. Што? Ништо во врска со она што е само мое.

482. Гладен и жеден-рамнодушен или гневен.

483. Создавам дела како да ќе ме нема утре. Зашто ќе ме нема.

484. Веќе не се прашувам дали некогаш помислуваш на мене. Па што и ако не?!

485. И јас ќе умрам и вие ќе умрете. Тоа е неминовно. Кој порано, кој подоцна, некој совреме. И тоа е сосем неважно.

486. Ме познаваат и го знаат моето грандиозно мислечко и книжевно творештво? Прочитале нешто од него? Прашајте ги.

487. Колку е човек повеќе сам, толку повеќе прави совреме.

488. Согледба:
Побрзо или позабавено се тенчи временскиот конец на животот. На умирачка се кине меѓу два сè подлабоки воздива.

489. Поделеноста на луѓето го расте нивното меѓусебно нетрпение. До делба и разделба.

490. Да му се смачи на човек кој знае што и како треба за сите, а сите прават само за себе.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 301-330

491. Се збогуваш со себеси пред бездна на молк и заборав.

492. Значи, конечно и апартхејд пред конечно распаѓање на Северџганска калакурница!

493. Веќе напишав/прашав која будала смисли „делови од народи“. (Не очекував и не добив одговор, но знам кој. Лесно се дознава.)
Сега „потсетувам“:
Со „делови од народи“ државата Северџганска калакурница е де факто конфедерација!

494. Единствена надеж за опстанок на унитарна Македонска република имам во македонскиот народ кренат на нозе. Макар во последен час.

495. Систематски се обеснажуваат и деградираат македонските културно-научни институции, организации и здруженија. До нивно скорашно (само)укинување?!
Неодамна само напишав, а би сакал скоро да се формира:
МКА-Македонска книжвна акадамија.

496. Може сè, дури и мразење, само не навреда на мојата личност и моето грандиозно мислечко-книжевно творештво.

497. Не е „изум“ на „добрососедите“ Северџганска калакурница да стане кантонална конфедерација. Тоа е крај на сценариото на „првиот стратешки партнер“.

498. Јас ја изнесов идејата за формирање МКА-Македонска книжевна академија. Белки ќе биде формирана во догледно време.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 211-240

499. Ништо без громогласни лична и колективна слобода!

500. Најбрз начин да се уништи држава:
Омаловажување, непризнавање и никаква поддршка на вредности. А на власт медиокритети.

501. На неписмени им читаат, полуписмените не читаат. Писмените пишуваат за писмени да читаат.

502. Па се прашувам:
Зошто уште без престан пишувам и зборам? Зошто да не замолчам, дури засекогаш?
Па си одговарам:
Има затоа!

503. Безбројни дни и бессони ноќи творечки.

504. Мене Господ ми дал дарба да не молчам, туку да зборувам и пишувам до преумора. Фала му.

505. Што друго, освен идиотизми на идиоти на власт?!

506. Се сојузиле волци и овци како добри соседи и пријатели!

507. Божја волја е да се бориш и да твориш, човеку!

508. Гледаш а не гледаш, слушаш а не слушаш, читаш а не читаш. Зашто ништо не разбираш.

509. Дребнав стар бел дедо сам на врв над сите врвови!

510. Со душа и срце чекам нова предизборна кампања. За да видам и слушнам со што и како партиите ќе го лажат народот!