Потребно време за читање: 2 минути

571. Само да не биде предоцна враќањето на човечното, вредното и убавото во човекот.

572. Што било од тебе, било. Веќе не си и нема што да биде.

573. И јас не сум никаде?! Не сум забележал!

574. Нема грди луѓе. Има грдости на нив, од нив, со нив и во нив.

575. Со вас сегде и секогаш дури сум жив, мои убави жени.

576. Тврдам дека човеков не е жив! Мртов е одамна! Зашто никој не го ни видел ни чул. А создадени дела од него објавува некој нему близок!

577. А бе ај! Америне баш им ги накршија на политиканти и криминалци со години ставани на својата црна листа.

578. Престанете да ветувате. Срамота е!

579. Нешто е многу сомнително кога власта е среќна, весела и насмеана, а народот јаден, страден и јаростен.

580. Внимателно ме читаат, па по време кажуваат како нивно од мене совреме кажано, укажано и предупредено.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 867-908

581. Ако не сте идиоти, нема да дозволите идиот да ви биде на чело, ниту беспоговорно ќе прифаќате идиотизми на стратешките партнери.

582. Не се мислам дали моето ќе продолжи или не. Стравувам оти вашето нема ни да почне.

583. Од лошо полошо до најлошо за нас со лошотии главени од туѓини како измеќарска власт.

584. Никој туѓински измеќар сам нема да си даде оставка. Оставката е за чесен, совесен и одговорен.

585. Не е единствено интересот услов без кој не може да се живее.

586. Посакувам во уште некој мој како твој миг да бидеме заедно.

587. Платенички квазиисторичари присвојуваат историја на друг народ, а велепредавнички распродаваат на свој.

588. Никој да не може без лична и заедничка слобода, и никој да не може никако против слободоумноста.

589. Минуваат годините, ама моето време не давам да мине.

590. Живот за дела. Возвишен и непореклив.

591. Ме следи, ме чита, ме мисли, ама јас не треба да знам.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 601-630

592. Сето мое творештво-единствено богатство споделено со ближни, пријателки и пријатели. Заедно докрај.

593. Чест и чест на грандиозно творештво. На ништо друго во свет на вредности.

594. Стар бел дедо до смрт громогласен. За секој што е со него, за никој што е без него.

595. Само зло од злобни и суетни, а бездарни и ништожни.

596. Ќе бидеме многу поправи луѓе кога ќе почнеме јавно да ги бележиме и родендените на видни личности. Не само денот на нивната смрт.

597. Македонски квазиисторичари платени со народни пари ја преправаат историјата на народот за тој полесно и побрзо да биде збришан!

598. Колку ли академски нули и две нули има меѓу академиците на Северџганска калакурница!?

599. На какви судни маки сме ставени-просто на човек да не му се живее!

600. Си умувам и пишувам без престан, а тебе никој не те принудува да читаш.