Потребно време за читање: 3 минути

751. Навистина не разбирам зошто не треба да ми е сеедно дали сум бил пред да не сум, а имајќи го на ум моето дело.

752. Баш е убаво да те има како да те нема. Сознаваш до кај си и зошто да продолжиш.

753. Го прашувам бугарскиот претседател Р. Радев:
„Македонските Б’лгари“ како конститутивен народ во Северџганска калакурница се од ’45-та наваму или од пред тоа?

754. Просто, а незнајно за недоветни:
„Делови од народи (етникуми)“ се сите во светот што не живеат во своја држава.
„Делови од соседски народи“ се малцинства во држава на народ. И тие по дифолт треба да имаат двојни државјанства.
Општество не е држава, а во држава може да има едно и повеќе општества или заедници.
Граѓанин му припаѓа на општество, а во држава му припаѓа на народ, малцинство или нација.
Во држави со еден или повеќе народи (федерација, конфедерација…) не може да се формира нација.

755. Народот сè пожестоко ја пцуе северџганскава мафијашка и велепредавничка власт?! Таа треба да се плаши од многу пожестоко од тоа!

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 211-240

756. Енормно си ги зголемија платите со што сами се докажаа како најголеми непријатели на народот, предавници и изроди.

757. Сите досегашни и сегашни на власт се за на буништето на историјата! Затоа што државава ја направија калакурница!

758. Меѓу власт и опозиција-учени, умни, опитни, мислечки, творечки, авторитетни и независни личности. Јас со нив и за нив!

759. Ако не знаеш или немаш факти и аргументи, не пењави се бранејќи властодржачко мафијаштво. Најдобро е за тебе да молчиш.

760. Ги прашувам сите во власта:
Сте учеле, ама сте заборавиле или никогаш не сте ни слушнале за народна волја?

761. Лесно е да се унижи самотен мислител и творец. Не и негово грандиозно дело, единствено на светот.

762. Живуркањето не е избор, туку принудна и наметната безалтернативност.

763. Власта не треба да се занимава со она што било. Треба да се грижи за она што е и да работи за она што е најдобро да биде допрва.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 121-150

764. Совет на стар бел дедо:
Како одбрана на дигнитетот на САД и Турција во Македонија, најдобро е владите на овие две држави да го натераат американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ веднаш еднострано да го раскине договорот со власта на Северџганска калакурница. И како придонес во борбата против корупцијата и мафијаштвото.

765. Тајност на стратешкиот партнер: уништување на македонската држава и создавање Голема Албанија, со поврзување на три албански држави со автопати?!

766. Таен план што сам се открива:
Не федерална или конфедерална/кантонална Северџганска Македонија (таа ќе биде збришана кога „ќе дојде време“), туку таква Голема Албанија! Може да се спречи? Може, ама многу тешко!

767. Со оглед на несомнените мафијашки „содржини“ во договорот со „Бехтел и Енка“, стратешкиот партнер САД во името на борбата против корупцијата, на која постојано инсистира, треба да помогне стратешки да се стави мораториум на неговата реализација. Додека тие не се „надминат“.

768. Човек мора до смрт да ги брани ведрината на духот и човечноста.

769. Мудриот човек никогаш не вели дека е мудар. Тоа го велат оние што ја почитуваат и им е извориште неговата мудрост.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 181-210

770. Сосем е небитно дали голем човек, со создадено големо дело е жив или мртов.

771. Исчезна, а сè уште никој тоа не го забележа!

772. Не е прашање дали еден народ ќе опстане или не, туку што од него ќе остане. Секој народ остава неизбришливи траги во своето време.

773. По делба долго или засекогаш разделени. Како никогаш да не сме биле заедно.

774. Највреден живот во љубов и убавина, за љубов и убавина и со љубов и убавина.

775. Творечката игра е во суштината на човечкото битисување.

776. И добар и чист и убав и ведар и неизлитен збор за човек.

777. За велик творец е ист говорот на молкот и тишината.

778. Што останува од дневната политика и политикантството? Ништо и никаква трага!

779. Не богата, а достоинствена, а пристојна, а животворна живеачка.

780. Брани ги здравјето и годините со здрав дух.