Потребно време за читање: 2 минути

241. Животна врвица:
Од негде дотука.

242. Човек може секако. Дури и без пари!

243. Ако не може гласно, одлучно, доблесно и стамено на нозе, тогаш громогласен молк што никој не ќе може ни да го сопре ни со сила да го задуши.

244. Денес и утре јас со тебе, ти без мене како вчера.

245. Има ли макар еден ненормален меѓу нас што ѝ верува на власта?!

246. Америте белки знаат оти необјавувањето, односно криењето на списокот на оние во Македонска репбулика кои добиле од нив „некој долар“ за „борба против русофилството“-е коруптивно дејание.

247. Умна си е власта. Неарни во умот се оние што ја избраа или дозволија да им ја „изберат“.

248. Викај „Ура!“ одвреме-навреме, па сигурно ќе ти биде многу полесно отколку што ти е.

249. Одамна познат како чесен будала, ама бил и безнадежно наивен.

250. Баш би било добро да се знае колкумина мажи во власта имаат жени ербаплики, како на премиерот Ковачевски. За да бидат пример дека зад секоја успешна жена стои властодржачки маж или политикант!

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 571-600

251. Побрзо би ја добил Нобеловата награда за книжевност (незамисливо), одошто да станам член на МАНУ!
Имено, без оглед на грандиозноста и разновидноста на моето мислечко и книжевно творештво, јас не сум „подобен“ за академските кругови. Тоа е така, а судејќи според моите години, па и здравјето, така и ќе остане.

252. Со оглед на моиве години, сеедно е дали ќе стасам до уште некоја.

253. Шегачење:
-Генијалците не се луѓе.
-Да, тие само личат на луѓе, а ѝ припаѓаат на вонземна цивилизација.
-Така е. Еве на пример ти.
-Зошто јас?!
-Затоа што личиш на човек!

254. Од што сум задоволен? Од понекој нешто!

255. Се чудам, се чудиш, се чудат…А ситуацијава воопшто не е за чудење. Бара сила, ум, доблест, решителност и саможртва.

256. Стварно сакам да сум оптимист!

257.-Ма гледај си ја ти својата работа.
-А бе си ја гледам јас, ама досега немав фајде од гледање.

258. Безалтернативноста сама по себе е најризична.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 511-540

259. Последиците се најголеми додека одлагаш неминовен крај.

260. Ништо добро со оној што божем знае, а нема поим.

261. Трагикомичен дилетант на власт шири лажен оптимизам.

262. Жално за тебе дека совреме не согледуваш, не признаваш и не почитуваш вредно дело.

263. Необјасниво силни емоции спрема драг лик.

264. Ништо не може замислен и загрижен меѓу безнадежни.

265. Креативниот дух во нас нè движи напред.

266. Со децении не сме се виделе, што значи не знаеме еден за друг.

267. Бидејќи се почитувам себеси, не сум во ниеден книжевен и академски затворен круг.

268. Труењето со загаден-отровен воздух во Северџганијава ќе трае сè додека во неа не се сотре исконскиот македонски народ!

269. Се засилува политичко-медиумската кампања за внесување на Бугарите во Уставот, бугаризација и албанизација, со конечна федерализација/кантонизација на Северџганијава. Ако треба и со сила и со крв.

270. Стар бел дедо:
Народе македонски, последен момент е твојата судбина да ја земеш во свои раце!