Потребно време за читање: 2 минути

601. Патриотизмот не се учи, туку се живее.

602. Со мене може секој достоинствен, со добра мисла и добронамерен.

603. Лирски:
Те сакам и те молчам, љубов.

604. Во Северџганска калакурница е наредено како што е наредено од „најголемиот стратешки партнер“. Порача дека во неа веќе нема Македонци!

605. На слугинскиот властодржец исто му се фаќа дали мисли или не мисли.

606. Нема да замолчам и ако ме замолчат!

607. Ако не знаете, научете како Америте ги суредија Индијанците.

608. Во Северџганска калакурница политичките партии постојат за да лапаат и крадат пари од народот-додека не умре последниот Македонец.

609. Последен пораз пред смрт:
Наместо гнев и борба-рамнодушност и обессиленост.

610. Зарем може да се олку големи ѓубриња?! Просто несфатливо!

611. Продадени бедни души за власт и безочно богатење.

612. Најголема мака народна и државничка:
Заробени умови на власт.

613. Ако досега не ти требала партија, зошто ти треба отсега?

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 31-60

614. Скоро (неминовно?):
Оние Македонци и Македонки што нема да избегаат од Северџганска калакурница, ќе мораат сами да скокнат во бездна.

615. Со уставните измени ќе се избрише македонскиот народ, а ќе се впишат „Северномакедонци“ и „Православни“?!

616. Војувам со збор и дело дека верувам во себе.

617. Во мрачнина се раѓа зрак светлина.

618. Лична борба не за лична цел и интерес.

619. Сè поголем мрак нè обвива!

620. -Ќе издржиме?
-Не знам до кога.

621. Најмногу ми е мака дека укажувам на сè, кажувам и докажувам сè, ама залудно.

622. Веќе сум убеден дека народот нема да се свести, да излезе од мракот на рамнодушноста и сам да се крене на нозе. Значи…

623. И слепи и при очи гледаат дека сме или на раб на бездна или тргнати во бестрага.

624. Ме гледаш како да не ме препознаваш, а не ти бев како секој.

625. На крајот почеток на последна борба на живот и смрт за живот по смрт.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 181-210

626.-Како се вика уништување на народ?
-Геноцид.
-А бришење на народ во своја исконска земја од соседски непријатели и домашни велепредавници?
-Геноцид.

627. Вистината е вистина. Нема големи и мали вистини. Борбата за вистина е долга и макотрпна.

628. Некој може ќе ме памети како човек, мислител и творец. Некој може како сакан и близок.

629. Кажувам да се знае:
Сега, на овие мои години не ми значи ништо каков било општествен статус или признание на моето грандиозно мислечко и книжевно творештво.

630. Историјата ја ставаат во скутот на политиката квазиисторичари, предавници, ревизионисти, политиканти и манипуланти.