Потребно време за читање: 2 минути

841. Кој само бил, сеедно е дека веќе не е.

842. Што уште безогледни можат да му сторат на исчезнат творец? Ништо друго, освен да го прогласат за мртов.

843. Не политичар, а политикант на власт растура, урива и ништи.

844. Родителите на дете кое врши злосторство врз друго дете се без исклучок поголеми злосторници од него.

845. Несносливо:
Сиромашен и беден народ, а богата платеничка, слугинска и предавничка северџганска власт.

846. Сè подалеку од себеси, сè поблизу до смрт.

847. Секогаш во одбрана на ведрината на духот. Особено кога е тој загрозен од материјалното во животот.

848. Човек сам од изворна снага до последна капка на животворност.

849. За движење на луѓе што раздвижуваат со силата на умот и знаењето.

850. Уште долго јас и ти со мисла и збор во наше дело.

851. Нема утрешнина држава без народ, ниту со народ како без него.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 121-150

852. Минлив живот без љубов, доблест и убавина.

853. Се сплотиле природи со природа.

854. Во мирување или исчезнат или дека не постојам.

855. Мене ми е интересно тоа што сум меѓу живи исто како да не сум жив.

856. Ме пронајде меѓу догледливи далечни светлини.

857. Конечно некое време во животен спокој. Не само во творечки неспокој.

858. И те мислам и те чувствувам.

859. Пред нас бездна на небиднина, а ние веќе премалени од стоење во место.

860. Едно простување:
И јас сакам уште некое време заедно, ама нашето дотука било.

861. Темел и на општество и на држава се цивилизациските вредности.

862. Суштествена заложба на стар бел дедо:
Заеднички живот на генерации, постојано учење на животот и споделување на неговите вредности.

863. Ни знаење ни способност на слугинска власт. Само страховладеење, мафијаштво и предавства.

864. Може уште од мене, а може и ништо повеќе. Јас одлучувам.

865. Измеќарите на туѓини се примитивци и вандали со ограничен ум кои тие ги користат за безогледно владеење.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 511-540

866. Безнадежна љубов во неизвесно време.