Потребно време за читање: 2 минути

91. Не ми е верно дека Америка ќе дозволи конечно да се збришат нејзиниот протекторат-Северџганија, македонскиот народ во него и македонството! Така ќе си направи геостратешки проблем со „линијата на огнот“ на Балканот, среде наци-фашизоидната ЕУ.

92. Логична последица на американската „помош“ во борбата против високата корупција се вонредни парламентарни избори.

93. Како по секое развластување на корумпирана власт и опозиција:
Трета опција-ново политичко движење или власт независна од постојните партии.

94. Ти не знаеш ништо за мене оти нема зошто да знаеш.

95. Несомнено!
Северџганија е фактички билингвален-бинационален/конфедерален/кантонален протекторат. Пред делба на „добрососедите“, конечно исчезнување на оваа мафијашка квазидржава и на македонскиот народ во неа.

96. Никогаш ни збор од мене за вредноста на моето мислечко и книжевно творештво! Само ја потенцирам неговата грандиозност, а која ја аргументирам со обемноста-бројот на создадени дела, неговата разновидност, како и динамиката односно секојдневноста на моето творење. Поради што е тоа несомнено единствено на светот.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 541-570

97. Неписмени и полуписмени идиоти се натурена власт во протекторатот Северџганија, поранешна независна и самостојна Македонска република.

98. Сум со секој мој збор. Зашто сме заедно слободни.

99. Добро е, тргна работата! Во Северџганијава и крадецот и стратешкиот партнер почнаа заедно да викаат „Фатете го крадецот!“.

100. Ништење на човек во човек:
Рамнодушност, бесцелност и бесмисленост на постоењето.

101. Нема враќање назад. Доволно стоиме во место.

102. Човек се докажува цел живот, и кога е докажан. Инаку не би бил што е.

103. Да работиме и создаваме барем додека времето работи за нас.

104. Стар бел дедо:
Млади, не ги слушајте старите, ама барем одвреме-навреме послушајте ја опитноста од нивните години.

105. Последиците од нашето владение и нашето дејствување мораме сами совреме да ги согледаме. Од тоа најмногу зависи постоењето на светот со нас во него.

106. Само љубовта до смрт.

107. На чело со прстот на чело.

108. Независна и самостојна власт во протекторат?! Ај не ме смеј!

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 241-270

109. Стратешки партнеру, престани да го замајуваш народов. Кажи јасно и гласно:
Ќе ја паднеш ли или уште не актуелнава до гуша корумпирана северџганска власт?

110. Едногласни властодршци со симнати гаќи:
„Веќе не можеме како што можевме досега. Дојдоа да ни кажат како ќе можеме отсега“.

111. Прислушкуван властодржачки коруптивен разговор:
„-Чисто е сè? Тешко тебе ако излезе нешто нечисто!
-Немај гајле, шефе. Лично исчистив, покрив и сокрив“.

112. Прва лекција за северџганскава власт од американскиот тим за санкции односно борба против корупцијата:
Не мешајте ситен криминал и висока корупција!

113. Забележано:
Пред американската амбасада на Кале долга редица северџгански политикантски политичари! Чекаат во ред за влезница во некоја глувчешка дупка.

114. Разбрана меѓу редови:
„За судството и борбата против корупцијата помагавме и дадовме многу пари, а тие се катастрофални“. Сигурно знаете кого сте помагале, кому сте му ги дале парите и за што се тие потрошени. Може да ги обелодените?

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 481-510

115. Ајде сега акција по реакцијата!

116. Чудо големо:
Сите чисти, а сè валкано и испогането!

117. Не можам ни да ве смислам од што ми е смачено од вас, простаци и лигуши властодржачки!

118. Не прашувај што е и зошто е. Подобро е за тебе да научиш со кого и до кога ќе може да биде.

119. Ниту мисли, ниту збори. Си го чува здравјето.

120. Изворот на корупцијата е во државниот Буџет!