Потребно време за читање: < 1 минута

196. Искра љубовна

Мигновена искра
меѓу две љубови.

197. Бесцелно

Од една во друга пустелија
скита човек на свои години.

198. Таа

Само за во мене знајна
убавина во игра небрежна.

199. Доцен час

Доцен час од мое време
стига пред сон тревожен.

200. Сè поблизу

Две сенки сè поблизу
по изгрев за нова песна.