Потребно време за читање: < 1 минута

396. Не може

Нема сили сонце
на облачно небо.

397. Меѓу

Негова родна земја меѓу два извора  
го чека да ѝ се врати и да ја заживее.

398. Нечиј круг

Влезе во нечиј круг од кој
сè уште никој не излегол.

399. Во туѓина

Се најде сам во туѓина
за да се најде со ближни.

400. Покрив

Само отворен покрив
останал од камена куќа.