Потребно време за читање: < 1 минута

401. Сама

Сака да е сама, без мене,
убост трепетна, блескотна.

402. Нагорнина и надолнина

Снага старечка на угорнина
трга кон место на надолнина.

403. Не се познаваме

Жалам оти не се познаваме,
птицо појна одамна во немост.

404. Без значење

Смислив збор без значење,
за наше меѓусебно разбирање.

405. Пред будење

Ми иде пред будење
безживотна самост.