Потребно време за читање: < 1 минута

306. Ветриште

Ова ветриште не ми е познато
кон каде ќе продолжи да дува.

307. Неминовно

Го избирам сонот во кој ние
не бевме дел од заумен свет.

308. Раселување

Сегде нè раселија откога
нè откорнаа небитници.

309. Камењар

Стасавме во камењар
безгранично студен.

310. На нозе Со голи снаги во молк
тргаме кон изгрејсонце.