Потребно време за читање: < 1 минута

381. Право

Дека тргна право кон свет,
се искриви светот зад тебе.

382. Наопаку

Така падна крвав наопаку на земја,
што на лице да не може да се познае.

383. Се разбира

Разбирам сè човечко штом
се разбира сè како од човек.

384. Сончево

Време ведро, живо
ем сончево ем мое.

385. Проблем

Нема ни човек ни луѓе
во скаменет и сув предел.