Потребно време за читање: < 1 минута

416. Сам

Високо, високо
и далеку од сите.

417. Гласен

Он не молчи пред луѓе
ни замолчен од гол и зол.

418. Треба

Време е да се случи неслучено
во нечија каква-годе живејачка.

419. Красота

Недопирлива, недоловлива
красота до самоти небо.

420. Слушам

Некои зборови што не ги разбирам
во песни пред последна капка крв.