Потребно време за читање: < 1 минута

431. Став

Постојам со мисла за денес
дека од мене може без други.

432. Страв

Откриен страв обвива говор
на човек окован во мрачнина.

433. Брег

Стојам на стеновит брег
на пенливо, а уморно море.

434. Едни очи

Во дамнина беа очи
загледани во мој оган.

435. Куќа што не е

Сум пред запустена трошна куќа
во која дамна постоеше мој живот.