Потребно време за читање: < 1 минута

236. Следење

Ме следи во збор
непознат човек.

237. Со мене

Ти со мене подалеку
од наш далечен свет.

238. Понапред

Понапред кон светлина
сè подалечна од нас.

239. Стаив

Една солза со зрак
стаив среде зеница.

240. Грамада

По едно бурно време
грамада мртва тишина.