Потребно време за читање: < 1 минута

426. Што е?

Не знам зошто прашуваш што е,
а одамна знаеш дека ишто не е.

427. Мило

На обајцата ни е мило
она што одамна ни било.

428. Полека

Ќе стасаш брзо конечно
оти полека тргна навреме.

429. Мало чудо

Детево штотуку родено е чудо
во миг на две времиња за едно.

430. Поглед

Твојот поглед вперен во мене
како да очекува да ме откриеш.