Потребно време за читање: < 1 минута

356. Кој знае

Во пештера живее човек
кој знае да гледа во ѕвезди.

357. Огнена стрела

Пред невреме молња се зари
како стрела во столетно дрво.

358. Звуци во ноќ

Слушам тивки звуци
во ноќ будна за мене.

359. Куќа

Стара куќа се урива
молкома сосе темел.

360. Иде

Од далеку ми иде радост
дека скоро ќе се раздени.