Потребно време за читање: < 1 минута

321. Исто

Како ден и ноќ исти
соништа за стварност.

322. Урнатина

Ќе биде старава урнатина
во уште неко време нејзино.

323. Заклучок

Значи, може сè како досега
додека не почне сè одново.

324. Несопирливо

Старее човек преуморен
легнат во камена постела.

325. Доверба

Ти можеш уште со мене
како јас со тебе и без тебе.