Потребно време за читање: < 1 минута

376. Крај

Пред нов корен меѓу стари,
крај на еден како да не бил.

377. Од искон

Бришат траги од искон
неизбришливи, вечни.

378. Смрт на творец

Смртта негова не е и
за дело негово без него.

379. Непребола

Откога исчезна ненадејно,
непреболата е жива рана.

380. Или

Или секој со себе заедно
или секој сам во самост.