Потребно време за читање: < 1 минута

366. Живи рани

Удари на молњи во свест
меѓу два модри облака.

367. Стравување

А што ако ме обессили
надеж последна жива?

368. Се овистини

Сретнав сонувана убост
од една до друга сушност.

369. Безгранично

Знаци, гласови, слогови, зборови
во говор на светлина неугаслива.

370. Корито

Од река брза и пенлива
камено време на предци.