Потребно време за читање: < 1 минута

436. Гласови на тишина

Слушам гласови на тишина
од некоја незнајна далечина.

437. Трн

Се забил невидлив трн
во живо месо безимено.

438. Многу

Нешта дребнави многу
и малку живот бессилен.

439. Помагање

Треба да прооди дете
по прва смеа и по плач.

440. Можност

Се отвора нова врата
на стара рушевина.