Последни написи

All

Шансона

Chanson на француски значи песна, а изворно е народна уметност. Во поширока смисла тоа е секоја песна со зборови на француски јазик. Во потесна, пак, означува стилски правец во забавната музика. Нејзина особеност е што има квалитетен текст, се работи за поезија на високо рамниште, а музичкиот израз е близок до кабаретскиот. Конкретно, шансоната е коментар на случувања и суптилен дневник за сопствената судбина. Често е критички и прониклив набљудувач на сѐ што се случува во општеството во времето на...

Интелектуалистичката поезија на еден Нобеловец

Сен Џон Перс, (вистинско име Алексис Сен-Леже) е француски поет и дипломат, роден на 31. мај 1887., умрел на 20. септември 1975. година, се смета за еден од најголемите претставници на тн. интелектуалистичка поезија, со главни карактеристики: археолошки, етнолошки и филозофски инвентар, историски евокации, музејски драгоцености и ретки зборови. Треба да се потенцира неговиот интерес за прадамнешни цивилизации, траги на човекот во песокта на пустината, хиероглифите и гробниците, кинеската епиграфија и легендите на Истокот, Конфучиј и Лао Це. Неговите книжевни дела...

Зеленчук кој заслужува особено внимание: бамја

Со бамјата (lat. Hibiscus esculentus) се подготвуваат многу познати и помалку познати-непознати јадења. Парадоксално е што е на добра цена, а кај нас се уште се одгледува малку. Вистински избор е за градинари кои одгледуваат поголем број на градинарски растенија. Нејзина прататковина е Африка, а на Балканот (и во нашава земја) стасала од Арапскиот полуостров преку Турција. Сега на големо се одгледува во Европа, но и во Америка. Самиот збор доаѓа, од арапскиот „bamyah“, а верзија на тој збор користеле во...

Последно создадено од Љупчо

Последни написи

All

Човечкиот мозок

Тој постојано се истражува, особено неговото функционирање, и постојано се откриваат нови нешта. Од она што е досега познато: Човечкиот мозок, таа маса на испреплетени нервни станици, ги одредува нашите сетила, чувствата, паметењето, интелигенцијата, креативноста, мислите и постапките. Овој дел од нашата анатомија навистина го прави она што ние во суштина сме. Мозокот е посложен и посестран од кој било компјутер. Тој тежи околу 1.300-1.400 грама. За споредба, мозокот на шимпанзото тежи 420, а на слонот 4.000 грама. Се проценува дека во човечкиот мозок...

Војни на двете рози

Војните на розите траеле од 1455. до 1485. г. Почнале за време на владеењето на Хенри Шести (1421-1471) од династијата Ланкастер, во чиј грб имало црвена, против кого се кренал Ричард од Јорк, чие семејство во својот грб имало бела роза. Станува збор за испрекинувана граѓанска војна што се водела околу англискиот престол. Двете куќи биле ограноци на кралската куќа Плантагенет, влечејќи го своето потекло од англискиот крал Едвард Трети. Називот „Војни на двете рози“ влегол во општа употреба во текот...

Што Ве мотивира

Прашајте ги сопствениците на мал бизнис-од кој било облик, дали претпријатија, продавници или задруги-што ги мотивира и придвижува, и ќе добиете идентичен одговор-ПАРИ. Меѓутоа, стручњаците сметаат дека мислењето на менаџерот и сопственик на бизнисот дека парите ги придвижува е погрешно. Препознавањето на она што ги мотивира е повеќе од компликувано. Според некои истражувања во светот, на прво место на причините за почнување на бизнис е „да се биде свој газда“, потоа следат флексибилност на животот и работното време, додека парите се...

VOX POPULI - гласот на народот

All

Ако се пуштиш од некое високо место, во некое удолно и...

Стоејќи Ангеле берберо на една висока планина, не знам како беше му се потслизнала ногата наудолу, и `а ѓоа да се закрепи со другата...

За животот

Vox populi - гласот на народот
Вредноста на животот е во загработ на секој негов миг. За да не те одмине или залудно да ти мине. Да знаеш да живееш, значи дека си научил колку е тој минлив, дека ништо друго не останува по него освен малку време со дело, некој чекор што совладал празен простор, и малку спомен дека си бил. Не трчај по животот и не се обидувај да го продолжуваш повеќе отколку што ти е пишано. Затоа што ќе се случи тој предвреме да те претрча, па да стави точка на се. Биди задоволен од себе си додека си жив. Македонски народни пословици: -Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам; -За едно зрно пченица врапчето се ваќа во склупцата и си придаа...

Кренав дувар околу тебе

makedonski vez македонски вез
За да бидеш што понароден (случај или елемент сеедно, а најдобро човек), мора да употребуваш што е можно повеќе народни зборови и изрази. Може...

СОЗНАНИЈА

ЕКО - ТЕХНО

УМЕТНОСТ И ЖИВОТ

ЗАБАВА

ЗДРАВЈЕ

ПОЕНТAР | Блог со ставои на Љупчо Димитровски