Потребно време за читање: 3 минути

Chanson на француски значи песна, а изворно е народна уметност. Во поширока смисла тоа е секоја песна со зборови на француски јазик. Во потесна, пак, означува стилски правец во забавната музика. Нејзина особеност е што има квалитетен текст, се работи за поезија на високо рамниште, а музичкиот израз е близок до кабаретскиот.

Конкретно, шансоната е коментар на случувања и суптилен дневник за сопствената судбина. Често е критички и прониклив набљудувач на сѐ што се случува во општеството во времето на настанокот на одделна песна. Нејзините лица се многукратни: од изразито артистичко-уметничко до наједноставно, популарно што им се обраќа на сите луѓе на еднакво разбирлив начин.

Првите шансони се компонирани во 14. век, во ригидна форма на тригласна композиција, но традицијата на овој музички вид е од уште порано-трае уште од трубадурите и труверите во 13. век. Се обновува силно во 18. и 19. век. Најпознат композитор од тоа време бил Гијом де Машо. Подоцна од значење се делата што ги компонирале Јоханес Окегем и Жоскен де Пре.

Прочитај и за ... >>  Nat King Cole

Во 15. век се изделува стилот на париската шансона во која почнува да доминира хомофонијата. Претставник на овој стил е Орландо де Ласи.

Во 16. и 17. век различни инструменти се вклучуваат во овие композиции.

Веќе во 1770. во Париз се отвораат предвесниците на подоцнежните music-hall-ови-café- концерти, во кои настапувале пејачи, глумци и акробати. Во 18. век доминантна вокално-инструментална форма станува операта, а шансоната се враќа во 19. век во салоните на повисокиот сталеж.

Во втората половина на 19. век тие места стануваат вистинска опера на народот и живиот театар. Се пее насекаде-на улица, на јавни плоштади, во кафеани. Од таа традиција ќе излезат Морис Шевалје и Едит Пјаф.

Од традицијата на шансоната со претежно социјален израз на еден Аристид Бруант (1851-1925), кој во мода ја воведува натуралистичката протестна шансона, ќе излезе духовниот свет на еден Жорж Брасен или Ле Фере.

Кога на Монмартр во 1881. година се отвора локалот Le Chat Noir (Црна мачка) како прв европски кабаре со модерен стил-собиралиште на боеми, поети и сликари, таму доаѓаат новите уметници на тоа време-писателите Едгар Алан По, Емил Зола, Александар Дима синот, сликарот Анри д Тулуз- Лотрек, композиторот Клод Дебиси и други. Во приземјето имало галерија на слики, а во кабарето рано почнува да настапува Аристид Бруан, пеејќи ги своите критички и социјално ангажирани шансони, станувајќи муза на сликарите и поетите.

Прочитај и за ... >>  Георг Фридрих Хендл

Незаборавната Лисиен Боер и нејзината песна „Parlez-moi d`amour“ стана синоним на Париз како град на љубовта. Напишана е во дамнешната 1923. година, но Боер ја креира како шансона дури во 1930. Тоа е наедно прва песна чија плоча во таа 1930. е крунисана со славната француска награда Grand Prix.

Во тој период, по Првата светска војна, животот по воените трауми се враќа на улиците и во јавниот простор, а на таа клима посебно придонесе процутот на индустријата на плочи и отворањето на бројни музички сали за јавни настапи на пејачите.

Во 30-тите години на минатиот век со појавата на звучниот филм кино-салите малку по малку ќе ги заменат music-hall-овите, но шансоната и натаму ќе се развива незапирливо, благодарение на развојот на новиот медиум-радиото.

Шарл Трене ќе стане татко на поетската шансона и предвесник на сите подоцнежни автори-композитори и интерпретатори на сопствени песни, што ќе биде битно обележје на француската артистичка шансона. Многу се слуша џезот кој влијае врз неа. Жозефина Бекер ги освојува париските сцени, а тука се и Трене, Ив Монтан, Жилбер Беко, Шарл Азнавур, потоа Борис Вијан и Серж Гејнзбург и многу други автори, често инспирирани од џезистичките ритми.

Прочитај и за ... >>  Волфганг Амадеус Моцарт

Едит Пјаф ја обележа целата прва половина на 20. век со исклучителната личност и крајно емоционалниот начин на пеење. Беше и остана најголемо име на француската шансона, едноставна и директна, му се обраќаше секому и сите ја разбираа.

Во средината на 20. век се појавуваат Жак Брел (многумина го сметаат за родоначалник на модерната шансона), Жилиет Греко, Адамо, Миреј Матје и други.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here