Потребно време за читање: 2 минути

Во средновековниот период овој музички инструмент со жици се нарекувал харпа.

Харфата се состои од тријаголна рамка во која се напнати низа на жици (46-48) со нееднаква далечина.

Долниот дел од рамката е резонантен корпус кој со горниот дел- извитканиот врат, прави остар агол. Третата страна на тријаголникот ја затвора вертикален столб, најчесто богато украсен.

Рамката е поставена на подножје во кое е вграден систем на педали. Харфата располага со 7 ножни педали, со помош на кои секој тон во секоја од октавите се менува за половина тон пониско (горна позиција на педалот) или половина тон повисоко (долна позиција на педалот). На вратот продолжува мост, каде што е сместен механизам на лостови и прстени, низ кои проаѓаат жиците; споен со челични нишки во столбот со педалите, тој механизам овозможува скратување на жиците и изведба на сите хроматски тонови.

Жиците се трзаат со прстите од десната и левата рака, а резонаторот се потпира на десното рамо на свирачот, додека обете нозе управуваат со педалите. Поради полесно снаоѓање помеѓу големиот број на жици, секоја C-жица (Do) е црвена, а секоја F-жица (Ef) е со сина или црна боја.

Прочитај и за ... >>  Офра Хаза

Харфата се вбројува помеѓу најстарите и најраширените жичани инструменти на античкиот свет. Ја познавале древните култури на Египтјаните, Сумерците, Кинезите, Индијците, Грците. Денес се среќава во различни форми и големини во фолклорниот инструментариум на многу воневропски народи. Во Европа се јавува најнапред на британските острови (8. век), Англосаксонците и ирските Келти, од каде што се проширила подоцна (околу 11. век) на континентот.

Додека харфата кај античките народи, а и денес на Ориентот, е главно инструмент за придружба (пеење), во Европа од средниот век се свири и солистички и во различни ансамбли. Во оркестар се воведува во 17. век, а во него главно се наоѓа една харфа, иако во оркестри со трикратен или четирикратен состав постојат најчесто две. Поретки се примерите на користење на поголем број на харфи.

Харфата првобитно била дијатонски инструмент со ограничен тонски распон. Поради тоа многумина градители настојувале да ги прошират нејзините изведувачки можности, усовршувајќи го материјалот и зголемувајќи го бројот на жиците. Од 16. век се градат различни типови на хроматска харфа (со вркстени жици како кај клавирот), кои потрајно не се одржале поради слабиот, неизедначен звук. Пресвртница донел изумот на C. Hochbrucker, кој околу 1720. година изградил харфа со педали. Нетовиот систем натаму го усовршиле браќата Cousineau и S. Erard, кој околу 1810. година изградил дијатонска харфа со двојно поместување (тн. двоен педал). Таквата конструкција, која со некои дотерувања се одржала до денес, овозможува изведба на сите тонови од хроматската низа во рамките на опсег од 6 1/2 октави (контра Ces-ges или as).

Прочитај и за ... >>  Џими Хендрикс

Харфата е дотерана во Ces-дур. Од изведувачките манири карактеристични се раздробените акорди на тн. arpeggio и glissando.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here