Потребно време за читање: 2 минути

Чоколадото, чија кардиоваскуларна благотворност е веќе откриена во клиничките испитувања, е добро и за мозокот. Го поттикнува протокот на крвта.

Првото испитување го спровел Јан Мекдоналд, од медицинската школа во Нотингем, Велика Британија, над млади, здрави жени. Тој сакал да види дали пијалок богат со флавоноид, сусптанција содржана во зрното на какао, ќе ги поттикне нивните ментални функции на тестот.

Иако какаото не ги подобрило резултатите од тестот, во споредба со групата која не добила пијалок тоа значително го засилило протокот на крвта во нивниот мозок во текот на два до три часа.

Поопсежните истражувања би покажале ветувачки потенцијал на таквите пијалоци во лечење на постари лица кои претрпеле мали мозочни удари и боледуваат од деменција.

Друга студија, што ја водел Норман Холенберг од медицинската школа во Харвард, Масачусетс, над лица со добро здравје постари од 50 години, исто така укажала на очигледно засилен проток на крвта во мозокот кај лица кои испиле пијалок богат со флавоноид.

Прочитај и за ... >>  Здравје-Вода

Лекарот го проучувал учинокот на какаото на Индијанците Куна во Панама кои редовно го користеле и не боледуваат од артериски зголемен притисок, ниту од мозочни заболувања кај постарите лица.

Обајцата лекари, претставувајќи ги трудовите на годишната конференција на Американското друштво за наука, предупредиле на преголемата консумација на чоколадото.

Комерцијализираното чоколадо е богато и со шеќер и маснотии. Во зависност од процесот на производство, различни видови на чоколадо содржат различно количество на флавоноид. На пример, белото чоколадо содржи занемарливо количество на тој антиоксиданс, додека црното е богато со таа мошне корисна состојка. Освен протективното дејствување на крадиоваскуларниот систем, познато е дека какаото, главната состојка на чоколадото, го содржи флавоноидот теобромид, чиј учинок против кашлањето е речиси три пати посилен од дејствувањето на кодеинот.

А мажите кои консумираат многу какао имаат 50% помал ризик да заболат, отколку оние кои не пијат какао, истакнаа холандските научници.

Да повториме, познато е дека какаото го намалува крвниот притисок, иако со претходно направените студии сѐ укажувало дека какаото не го спречува развојот на срцевите заболувања во текот на долг временски период, имајќи предвид дека спаѓа во исхрана која е богата со маснотии, шеќери и калории.

Прочитај и за ... >>  Моќниот хормон мелатонин

Холандските научници утврдиле дека најголемите консументи на какао имаат низок крвен притисок и кај нив е регистриран помал број на случаи на фатални срцеви заболувања, отколку кај оние кои не консумираат какао.

Во студијата таа заслуга им се препишува на антиоксидансот флавоноид присутен во какаото, кој има позитивно дејство и го намалува ризикот од штетните последици на холестеролот и други промени кои можат да предизвикаат инфаркт, рак и болести на белите дробови.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here