Лице в лице - сега е достапно онлајн Kupi Lice v lice - sega e dostapno onlajn
Купи Лице в лице - сега е достапно онлајн
Потребно време за читање: 2 минути

Совет за мажите:
Пуштајте брада…доколку ви стои!

Овој совет се однесува и на жените, се разбира формулиран поинаку:
Дозволете му на вашиот сопатник или сопатеник да носи брада…доколку вие процените оти му стои, а вам не ви пречи!

Еве една куса историја на брадата што може да ви помогне при определбата да пуштате или не, односно каква брада да носите.

Во стариот век источњаците ја сакале брадата и внимателно ја негувале. Персијанците и Асирците дури ја плетеле во плетенки со златни нишки. Кај Кинезите долга и тесна брадичка носеле во постарите години и означувала мудрост и возвишеност.

Грците се бричеле, а брада пуштале кога би сакале да објават решение дека се одрекуваат од овоземните задоволства.

До 300. година пред новата ера Римјаните не се бричеле. Секојдневното бричење го вовел прочуениот војсководец Сципион Африканецот. Подоцна бричењето на брадата означувало премин од детството во зрелото доба. Единствено филозофите носеле брада. Сите римски цареви, од Август до Трајан, се бричеле уредно, а кога е убиен Цезар, Октавијан Август во знак на жалост пуштил брада воведувајќи го така новиот обичај.

Викинзите, Келтите и Британите носеле брада, а во тогашната терминологија да се биде брадест значело да се биде варварин.

Во средниот век во Европа брада носеле одделни монашки редови.

Во наредните векови, 16. и 17., мажите главно ја бричеле брадата. Во мода биле мустаците и по некоја аристократска брадичка, додека поголеми бради пуштале оние што не воделе многу сметка за својот изглед.

Во 18. век брадата била реткост, додека 19. минал во знак на строгоста. Мажите носеле темни костуми, строго обликувани бради и високи и крути крагни.

Во 20. век секој се брадосува како ќе му текне, како мисли дека му стои најдобро, и се бричи кога ќе му текне.

Во овој 21. век се забележува еден континуитет од минатиот: многумина дозволуваат да ги бричат други, дури и сопствените, а богами и туѓи жени.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here